Рама: Никогаш не сме изјавиле дека оние кои повеќе трошат од ноември ќе плаќаат поскапа струја

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама вели дека не е точна веста за поскапувањето на струјата од 1 ноември за домаќинствата кои трошат повеќе, додавајќи дека такво нешто владата не објавила.

Иако ваква одлука објави Регулаторниот завод за енергетика, ЕРЕ, Рама за веста ги обвинува медиумите и опозицијата.

– Опозицијата рубља (се мисли на демократите кои наводно добивале пари од Русија за избори) и нејзините медиуми им порачуваат на Албанците дека Владата објавила поскапување на струјата од 1 ноември! Двојно лажна вест: 14 месеци кажуваме дека цената ќе биде заштитена и вакво нешто никогаш не сме изјавиле! Зошто го прават тоа? пишува Рама на Твитер.

ЕРЕ во петок објави дека во месеците ноември и декември домаќинствата што трошат над 800 киловатчасови месечно ќе плаќаат 44 лека по киловат, наместо 9,5 колку што е цената и оти цената ќе биде предмет на периодично разгледување.

Ваква одлука во септември донесе и ЕРЕ и Владата, која требаше да се применува од почетокот на овој месец, но истата беше повлечена, поради, како што образложи премиерот Еди Рама „намалената потрошувачка и зголемено домашно производство“.

Дел од медиумите тоа го оценија за предизборен чекор на Рама пред локалните избори во мај идната година.

Во Албанија од 1,2 милиони потрошувачи домаќинства околу 60 илјади трошат повеќе од 800 квч месечно.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он