Предизвикот се надминува, на 2 септември завршува заштитната мерка за условен увоз на пченица од странство

Од:

Пазарот се стабилизира, се надминува предизвикот, и се создаваат услови за укинување на заштитната мерка за условен увоз на пченица од странство, и таа ќе се престане да важи на 2 септември годинава, соопшти денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Оваа одлука е донесена, објасни Ѓорѓиев, откако е оценето дека сериозно е стабилизиран пазарот со пченица.

– Домашното производство е околу 95 отсто откупено со што се создадоа услови за повлекување на заштитната мерка, изјави Ѓорѓиев.

Тој информира дека Владата била информирана и дека финишираат процесите за стабилизација и на пазарот на брашно во земјата, и се очекува да се укине и мерката за условен увоз на брашно од странство во првата половина на идниот месец бидејќи и за тоа, како што напомена, се создадени услови.

– Мерките беа донесени врз основа на домашното и меѓународното право, врз основа на длабока аргументација и со цел заштита на домашното производство, цениме дека истите ја постигнаа целта, помогнаа за стабилизирање на пазарот и ги надминаа предизвиците од евентуални какви било нарушувања, посочи владиниот портпарол.

Тој истакна и благодарност до сите субјекти од земјата и од странство за конструктивниот однос во справувањето со овој општествен предизвик.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници