Честитка од Заев по повод Успение на Пресвета Богородица

Од:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев, денеска, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до сите верници од православна вероисповед во Република Македонија.

– Денот на чудесното вознесување на Мајката Божја и годинава нè потсетува на неизмерна и безрезервна љубов и мајчинска грижа, добрина, кроткост и трпеливост, но и дека патот кон правдата, вистината, хуманоста и меѓучовечката толеранција е вистинскиот пат по кој треба да чекори секој Христијанин, секој човек. Со славењето на денешниот празник и понатаму да ги славиме безусловната љубов, меѓусебното почитување и солидарноста. Само така ќе успееме да постигнеме унапредување на вредностите и принципите во нашето општество за доброто на сите генерации, стои во честитката.

Би можело да ве интересира

Филипче: Нема да дозволиме изборна кражба!

А1он

ВИДЕО: И СДСМ ќе го блокира Изборниот законик, Филипче вели дека отвора врата за изборна кражба

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче

Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?