Борел: ЕУ апелира до Русија да се врати на договорот за извоз на жито од Украина

Од:

Шефот на еврипската дипломатијата, Жозеп Борел, денеска изјави дека Унијата апелира до Русија да се врати на договорот за извоз на жито од Украина.

„Одлуката на Русија да го суспендира своето учество во Црноморскиот договор (за житарици) ја става во опасност главната извозна рута на многу потребните жита и ѓубрива за решавање на глобалната криза со храна предизвикана од војната врз Украина. Апелираме до Русија да ја промени својата одлука“, напиша Борел на Твитер.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен исто така побара од Русија да се врати на договорот, кој Москва го суспендираше вчера, наведувајќи ги како причина нападите врз руските бродови од Црноморската флота.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Киев е под притисок да заборави на НАТО и да го прифати признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Рускиот суд го прогласи Гугл за виновен за откривање податоци за убиени руски војници во Украина

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Сирски: Украинските сили ја спречуваат Русија да ја окупира граничната област на регионот Суми

Путин е отворен за разговори со Украина за ненапаѓање цивилни цели