ВМРО-ДПМНЕ: Неприсуството на функционерите од СДС на отворањето на културниот клуб во Благоевград е понижувачка кон македонското малцинство во Бугарија

Од:

„Срамна е одлуката на антимакедонската влада предводена од Ковачевски да не присуствуваат на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Изјавите од функционерите на СДС дека отворањето на културниот клуб во Благоевград е приватен настан, се навредите на СДС кон македонското малцинство во Бугарија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Одлуката за неприсуството на овој настан од страна на антимакедонската власт е понижувачка и недостојна. Македонското малцинство во Бугарија заслужува почит и грижа од страна на државата.

Овој настан е одлична можност да се покаже национално единство и поддршка за македонското малцинство во Бугарија. Но власта на СДС не се надмина себеси, и не ја надмина својата поданичка политика. Антимакедонската СДС одлучи да слугува за туѓи интереси.

Наспроти бугарските клубови отворени во Македонија, кои носат фашистички имиња, македонскиот клуб во Благоевград носи име на големиот деец Никола Вапцаров, лик од историјата кој обединувал и поврзувал.

Антимакедонската СДС води целосна негрижа за своите граѓани, како во државата, така и надвор од неа. Додека дома целосно ја опљачка државата и ги осиромаши граѓаните, така и надвор од границите, целосно ги игнорира барањата и го остава без никаква поддршка македонското малцинство.

За ваквата антидржавна политика, Ковачевски, Пендаровски и функционерите од СДС ќе ја добијат казната од граѓаните“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски