Мицкоски: Наводното поевтинување на производите за 10% наидува на потсмев кај граѓаните бидејќи знаат дека тоа е невистинито

Од:

„Производите се двојно поскапи поради лошите политики на Владата и ненавремените мерки. И тоа што можам да го забележам се незадоволни граѓани, несреќни граѓани и посиромашни граѓани“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес од Охрид одговарајќи на новинарско прашање.

Мицкоски додаде дека оваа Влада наместо да помага на народот, таа краде од истиот тој народ.

„Од друга страна гледаме побогата Влада и побогати функционери, затоа што наместо да работат и да му помагаат на народот тие одлучиле да крадат од истиот тој народ. И се додека така се однесуваат да крадат од истиот народ овој начин на манипулирање како што тие го прават со некое си наводно поевтинување за 10-тина проценти делува невистинито и впрочем е невистинито. И од она што можам да го слушнам од граѓаните наидува на потсмев, но од друга страна го зголемува гневот на граѓаните поради лошите политики кои што оваа Влада ги води“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој и порача на Владата да се зафати со работа за ова кратко време што и преостанува, затоа што секој ден изминат значи дека Владата на СДСМ е поблиску до нејзиниот крај.

Би можело да ве интересира

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Манасиевски: Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината

Веќе нема да требаат ни сертификати за странски јазик директори, ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка на нивните неспособни членови, обвинува Левица

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки

Прашање на време е кога ќе им се распадне, Филипче за владината коалиција

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение