Еврокомисијата му порача на „Твитер” дека во Европа ќе работи според правилата на Брисел

Од:

Компанијата „Твитер” ќе мора своите услуги да ги усогласи со новите правила на Европската унија кога станува збор за справувањето со дезинформации и говорот на омраза на социјалните мрежи, изјави денеска ресорниот еврокомесар Тиери Бретон.

„Во Европа ‘птицата’ ќе лета според нашите правила”, напиша токму на Твитер еврокомесарот за внатрешен пазар, алудирајќи на логото на социјалната платформа.

Неколку часа претходно Илон Маск по преземањето на сопствеништвото врз „Твитер” објави порака преку сервисот со текст „птицата е слободна”.

Преземањето на сопствеништвото врз социјалната платформа наиде на реакции кај критичарите кои изразија загриженост дека промената на управата на „Твитер” ќе доведе до послаба контрола врз објавените содржини и тој начин ќе поттикне појави на говор на омраза.

Бретон на неговата објава ја додаде и кратенката “#DSA” што се однесува на Законот за дигитални услуги во Унијата, неодамна усвоената регулатива што ги уредува одговорностите за високотехнолошките и интернет-компаниите. Легислативата ги обврзува компаниите да спречуваат објавување дезинформации и да воведат протоколи за запирање појави на ширење компромитирачки содржини во време на кризи како што беше епидемијата на коронавирусот. Компаниите исто така мора да ја зголемат транспарентноста во однос на интеракциите со корисниците и да ги поедностават корисничките договори.

Бретон, исто така, го потсети Маск на неговите ветувања дадени во мај дека има намера да ги почитува новите правила на ЕУ за умереност на објавените содржини доколку го преземе „Твитер”

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Маск и понуди милиони долари на инфлуенсерката Сент Клер за да го прикрие раѓањето на нивниот син

Горан Наумовски

„Политико“: Европската Комисија отворена за нови начини на финансирање на одбраната во Источна Европа

Маск: Советникот за трговија Питер Наваро е морон

А1он

Маск наводно побарал од Трамп да ги укине царините

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Маск објави видео: „Русија и САД се поблиску отколку што многумина мислат“

ЕУ ќе воведе контрамерки на американските царини