Огранокот на Ал Каеда, Исламска држава Ирак и Левант, им се закани на сириските власти со „Вулкан на одмаздата“ поради минатонеделниот напад со хемиско оружје во околина на Дамаск.
Огранокот на Ал Каеда наведе и дека ќе ја казни Сирија за серијата масакри, меѓу кои и минатонеделниот напад со хемиско оружје.
– По состанокот со претставниците на осум сириски фракции одлучено е да се изведе инвазијата „Вулкан на одмаздата“ како одговор на масакрите на режимот против нашиот народ во Источна Гута. Мети на нападите ќе бидат и безбедносните пунктови, центи за обука на безбедносните сили и инфраструктурата, се наведува во соопштението на Исламска држава Ирак и Левант.