На 27.10.2022 во 1.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, кај с.Доброшане, мопед со кумановски регистарски ознаки, управуван од 17-годишен малолетник од с.Доброшане, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен малолетен сопатник од с.Доброшане, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница во Куманово.
Извршен бил увид од екипа од СВР Куманово.