Ди Марија: Престанете да лажете

Од:

Анхел Ди Марија се огласи по повод информациите дека во јануарскиот преоден рок ќе го напушти Јувентус. Навивачите на „страта дама“ го кренаа гласот против Аргентинецот кога медиумите објавија негова наводна изјава дека сака кариерата да ја заврши во Аргентина, во дресот на Росарио Централ.

Ди Марија, во летниот преоден рок, како слободен играч пристигна во Торино. Требаше да биде големо засилување, но поради повредите, досега одигра само 187 минути.

На социјалните мрежи Аргентинецот го демантираше информациите дека сака да го напушти Јувентус.

„Има толку многу лаги за мојата иднина. Некој измислил приказни за моето заминување од Јувентус во јануари и тоа не е вистина. Нема да заминам во јануари бидејќи сум среќен во Торино и во овој врвен клуб. Затоа, време е да престанете да објавувате лажни информации“.

Не е познато е дали Ди Марија ќе се врати во тимот на Јувентус до паузата поради СП. За Аргетнина е важно што тој ќе биде подготвен за Мундјалот во Катар.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Јувентус е заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал

Јувентус на „пазарот на незадоволните“ – Лука Јовиќ прв на листата

Дебакл на Јувентус – Влаховиќ промаши пенал

Предраг Петровиќ

Јувентус бара замена за Душан Влаховиќ

Предраг Петровиќ

За Милан против Јувентус ќе брани 41 годишен голман

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО )Навивачите на Јувентус упаднаа на теренот со порака: Не го сакаме Лукаку

Предраг Петровиќ