Звуци на традиционалната музика од Балканот вечерва ќе се разлеат на плоштадот кај Млечен ресторан, во рамките на „Карпошово културно лето“.
На музичкиот спектакл кој почнува во 20:30 часот пред публиката ќе се претстават тамбурашкиот ансамбл „Зоруле“ од Нови Сад, Србија и РКУД „Пролетер“ од Сараево, БиХ.
Љубителите на мелодичните звуци од Војводина и незаборавните босански севдалинки, секако ќе бидат израдувани од ваквата можност, но етно-вечерта пред Млечниот ресторан ќе биде можност и пошироката публика да се запознае со мелосот на соседна Србија и блиска БиХ.