ВИДЕО: Шокантна снимка на мајка која крвнички тепа тригодишно девојче ја згрози Србија, на жената и се одземени децата

Од:

На социјалните мрежи се појави застрашувачко видео од насилство врз девојче. На снимката од семејно насилство, помлада жена, најверојатно мајка, може да се види како брутално тепа беспомошно девојче на околу тригодишна возраст. Со едната рака ја држи за раце додека со другата ја удира.

– Ова е за Зоран. Заради тебе нашиот Зоран е во затвор, вели жената додека брутално го удира детето со тупаница по главата.

Во еден момент жената го фрла на под девојчето која се гуши во солзи и продолжува со заканите.

– Уште не завршив, дојди овде, не завршив, iмам цел ден да те тепам, вика жената додека девојчето се бори за здив.

сопругот на жената за медиумите во Србија потврдил дека синоќа Центарот за социјални работи и полицијата им го одзеле децата. Нема детали кој и кога ја направил снимката.

Би можело да ве интересира

Истражување: 89 отсто од Русите би поддржале криминализација на семејното насилство

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Белград: Синот кој ја нападна својата мајка е непресметлив, задржан е во затворска болница

Таткото го убил во ходникот, а бабата и дедото додека гледале ТВ