Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот врз светото место Шах Чераг во Иран

Од:

Исламска држава ја презеде одговорноста за вчерашниот напад врз светилиштето во иранскиот град Шираз, соопшти оваа терористичка група на каналот Телеграм.

Во нападот на шиитското светилиште загинаа 13 лица, а иранскиот претседател Ебрахим Раиси вети дека тоа нема да помине неказнето.

Уште 40 лица се повредени во нападот врз мавзолејот на Шах Чераг во Шираз, главниот град на провинцијата Фарс, јави иранската телевизија.

Мавзолејот на Шах Чераг е најпочитуваното светилиште на југот на земјата, бидејќи во него се наоѓа гробот на Ахмад, братот на имамот Реза, осмиот шиитски имам погребан во Машхад, на североистокот на земјата.

Медиумите прво јавија дека имало тројца напаѓачи, од кои двајца се уапсени. Но, шефот на локалната судска власт, Казим Мусави, за иранската телевизија изјави дека само еден терорист бил вклучен во нападот.

-Уапсен е еден терорист поврзан со текфирските групи, соопшти полицијата, пренесоа западните агенции. Терминот текфир се користи во Иран за џихадистички групи или радикални сунитски исламисти.

Меѓу жртвите се и една жена и две деца, пренесе агенцијата Фарс. Агенцијата соопшти дека „уапсените терористи не се Иранци“, без да даде дополнителни детали за нивниот идентитет.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он