Јувентус може да биде жестокот казнет, под лупа и договорот со Роналдо

Од:

Јувентус е еден од најголемите и најпопуларните клубови во светот, но и клуб кој редовно се поврзува скандали. Последниот излезе на виделина деновиве, а е поврзан со истрагата која италијанското обвинителство ја отвори во ноември 2021 година. Доколку се докаже вината, Јувентус го очекува жестока казна. Дури се шпекулира дека може да се повтори сценариото, кога пред 16 години поради аферата „Калчополи“, клубот беше исфрлен во Серија Б.

Пред речиси една година, на крајот на ноември 2021 година, државното обвинителство во Торино најави отворање истрага против Јувентус за можна финансиска измама.

Оние кои се под истрага во овој можен заговор се претседателот Андреа Ањели, потпретседателот Павел Недвед, поранешниот спортски директор Фабио Паратичи, кој сега е во Тотенхем и уште тројца директори на италијанскиот клуб. Судијата, вчера, не дал дозвола тие да бидат уапсени на барање на обвинителството.

Надлежните прибрале податоци од последните три финансиски извештаи што ги поднел клубот, бидејќи има индиции за кривично дело „лажни комуникации на инволвираните фирми и издавање фиктивни фактури“.

Според обвиненијата на обвинителството и на Фудбалскиот сојуз на Италија, но и според документите објавени од весникот „Calcio e Finanza“ во Италија, откриени се наводни фиктивни капитални добивки од 60,3 милиони евра. Односно, пазарните вредности на играчите биле „надувани“ за тие да бидат продадени по повисока цена. Обвинителството побара парични казни, но не и казна за клубот.

Во вторникот, кривичните дела за кои меѓу другите беа обвинети Ањели, Недвед и Паратичи (лажна корпоративна комуникација, лажна комуникација насочена кон пазарот, попречување на истрагата на органот за јавен надзор, манипулација и употреба на фиктивни фактури) беа објавени во јавноста, а денес „Газета дело Спорт“, објави дека истражителите пронашле и таен документ во кој наводно е вмешан Кристијано Роналдо.

Во споменатиот документ, кој бил потпишан помеѓу Јувентус и фудбалерот, клубот ветува дека ќе му плати на поранешниот напаѓач вкупно 20 милиони евра и покрај најавите за корекција на платите за време на екот на пандемијата со корона вирусот, па дури и да не е член на клубот во следните сезони.

Кризата го парализираше целиот свет и доведе во тешка ситуација многу фудбалски клубови, кои мораа да направат неколку кратења на платите за да можат да опстанат во периодот кога не се играше фудбал.

Истрагата, според италијанскиот весник, сега се фокусира на наводни приватни документи потпишани од клубот со членови на првиот тим во текот на 2020 година, во обид да се покаже дека играчите на Јувентус всушност не се откажале од четиримесечните плати за време на ковид-кризата, туку дека тие биле исплатени три месеци по потпишувањето на овие тајни договори.

Обвинителите до „документот кој теоретски не треба да постои“ дошло од прислушкуваните разговори на менаџерот на Јувентус минатиот декември и, според „Газета дело Спорт“, истражителите сега го пронашле овој документ. На документот стоеле потписите на Роналдо и клупските челници.

Оваа договорена исплата меѓу двете страни не била запишана во финансиските книги на Јувентус.

Обвинителот во Торино стапил во контакт со Роналдо за тој да го каже својот став по ова прашање, но Португалецот одбил да го коментира случајот доколку официјално не биде повикан на судењето.

Јувентус секако ги отфрла сите обвинувања, но доколку се докаже дека станува збор за финансиска измама клубот ќе се соочи со огромни парични казни и веројатно одземање на освоените бодови на теренот, а не се исклучува можноста кубот да биде исфрлен во Серија Б.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Јувентус е заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал

Јувентус на „пазарот на незадоволните“ – Лука Јовиќ прв на листата

Дебакл на Јувентус – Влаховиќ промаши пенал

Предраг Петровиќ

Јувентус бара замена за Душан Влаховиќ

Предраг Петровиќ

За Милан против Јувентус ќе брани 41 годишен голман

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО )Навивачите на Јувентус упаднаа на теренот со порака: Не го сакаме Лукаку

Предраг Петровиќ