Пендаровски се сретна со Стјуарт Пич, специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими сер Стјуарт Пич, Специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан информираат од Кабинетот на Пендаровски.

– На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, за состојбите во регионот, како и за влијанието на руската инвазија врз Украина по стабилноста и безбедноста на европскиот континент. Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија придава особено значење на развојот на билатералните односи со Обединетото Кралство и има постојан интерес за зајакнување на соработката меѓу двете држави во повеќе сфери од заемен интерес. Во тој контекст, претседателот Пендаровски се заблагодари за најновата британска донација што вклучува 14 мобилни единици за обука на припадниците на Армијата во урбана средина, што денеска ќе биде примопредадена на полигонот „Криволак“, оценувајќи ја како уште една потврда на силното сојузништво на двете држави – членки на НАТО алијансата. На средбата беа разменети мислења во врска со почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот.

Би можело да ве интересира

Јаревски: Стево Пендаровски тврдеше дека не сака канцеларија, за еден ден потоа да побара да му се дозволи да користи

На Пендаровски ќе му мирува правото на пензија, на 29 пратеници од претходниот состав им е одобрена апанажа

Пендаровски се откажа од државна пензија, ќе има канцелартија со тројца вработени

Катерина Ѓуровски

Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција

Сиљановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски

Официјална церемонија на примопредавање на претседателската функцијата