Пратеникот Здравковски казнет со 100 евра за погрешно паркирање: Денар не им давам, ќе одам на суд

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Велес, Игор Здравковски треба да плати сообраќајна казна од 100 евра за погрешно паркирање на блокадите со автомобили против францускиот предлог на патот Велес-Штип.

Здравковски и уште неколкумина сопартијци биле повикани во Министерството за внатрешни работи за да дадат изјави за казните кои полицијата им ги изрекла за паркирањето на магистралниот пат Велес-Штип кај селото Сарамзалино.

– Ме повикаа да дадам изјава во МВР јас и неколкумина мои сопартијци или поддржувачи на протестите против бугарскиот договор од 8 јули годинава за погрешно паркирање на патот Велес-Штип кај село Сарамзалино, како учесници на протест кој беше уредно најавен во полиција ден претходно.

Им го однесов и барањето за организирање на блокади во знак на протест во кое уредно стои дека ќе го блокираме патот со автомобили. Им реков дека ако го немаше ова барање ќе немаше да има полиција и медиуми на местото на настанот – рече Игор Здравковски за „А1он“.

Тој има рок од седум дена да плати половина од казната, односно 50 евра, но Здравковски не планира да плати и ќе чека покана за суд.

– Не им плаќам, ќе одам на суд. Им реков дека одбивам да платам затоа што знам дека сум исправен. Ми викаат „де бре, демек за 50 евра си“. Еден денар не давам кога знам дека не сум го прекршил законот – додаде Здравковски.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Собирите против блокадите стануваат сè побројни, нервозата кај блокадерите се зголемува

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски се сомнева како мнозинството граѓани дека пожарите свесно се подметнуваат пред избори, има сеопфатен акциски план за чисто и здраво Скопје

А1он

ВИДЕО: Брутална акција на француската полиција, апси секој што блокира, нападнати се и новинари

(ВИДЕО) Пратеник претепан во Белград: „Ме тепаа со шипки по главата“

Казна од 439 евра – радарот ја фати дека „зборува на мобилен“ додека вози, а жената држеше мраз на образот

А1он

Пратеник од Струга добил закани на социјална мрежа

Горан Наумовски