Пежо 308 Р Концепт ќе биде официјално претставен на Саемот на автомобили во Франкфурт во септември, а на Интернет веќе се појавија првите фотографии.
По одличните спортски изведби на моделите 205, 106 и 306 Пежо долго време немаше вистински моќен претставник од средната класата.
Според фотографиите 308 Р доаѓа со големи спортски браници и проширени отвори за тркалата, заден спојлер на вратата од брагжникот, големи алуминиумски фелни и двоен издув.
Како погонско решение се очекува 1,6 литарскиот ТХП турбо бензинец преземен од моделот РЦЗ Р, кој развива 270 коњски сили.