Цаи: Тајван нема да отстапи пред кинеската агресивност и закани

Од:

Тајванската претседателка Цаи Инг-вен денеска изјави дека овој демократски остров нема да отстапи пред кинеските „агресивни закани“, пренесуваат американските медиуми.

Тајванската претседателка се поприсутниот растечки притисок од Кина го спореди со руската инвазија на Украина.

Реакцијата на Цаи доаѓа по завршувањето на Конгресот на кинеската Комунистичка партија, на кој владејачката партија во Пекинг ги засили своите долгогодишни закани за анексија на островот, што го смета за своја територија.

Кинеската комунистичка партија во својот статут додаде формулација дека „одлучно ќе се спротивстави и одврати“ на независноста на Тајван, како и „одлучно ќе ја спроведе политиката на една земја, два системи“. Ова е формулата со која Народна Република Кина планира да управува со островот во иднина, забележуваат американските медиуми.

Ваквиот план веќе е имплементиран во поранешната британска колонија Хонг Конг, чиј демократски систем, граѓански слободи и судската независност се уништени, наведуваат американските медиуми.

На меѓународен настан на продемократски активисти во Тајпеј, Цаи кажа дека демократските и либералните општества се соочуваат со најголемиот сет на предизвици од Студената војна.

-Руската неиспровоцирана инвазија врз Украина е одличен пример за ваква закана. Ова покажува дека авторитарниот режим ќе направи се за да постигне експанзионизам, рече тајванската претседателка.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски