Норвешка приведе Русин и Русинка затоа што фотографирале воена база која била забранета за фотографирање

Од:

Норвешката полиција денеска соопшти дека привела двајца Руси под сомнение дека фотографирале воена инсталација во северна Норвешка до која е забранет пристап.

Државниот обвинител Штефен Равнасен изјави за телевизијата НРК дека руски државјани – маж и жена, двајцата на возраст од триесетина години – биле уапсени во саботата во близина на Бјерквик, каде што се наоѓа објектот на норвешките вооружени сили, со касарните. Норвешка е членка на НАТО.

Равнасен рече дека двојката, која се возела во автомобил со руски регистарски таблички, биле осомничени дека незаконски ги фотографирале објектите.

Случајот бил пријавен во норвешката агенција за внатрешна безбедност ПСТ, која се занимава со слични случаи – со Руси кои наводно нелегално фотографирале дронови во лет.

Во последниве недели, неколку руски државјани беа приведени во Норвешка – тројца мажи и една жена – кои беа видени како фотографираат предмети што не е дозволено да се фотографираат во централна Норвешка. Тие подоцна беа ослободени од притвор.

Службеникот на ПСТ, Мартин Бернсен, изјави дека задачата на агенцијата „е да ја истражи шпионажата и да спроведе санкции против Русија“.

Европските земји ја зајакнаа безбедноста околу клучната енергетска и интернет инфраструктура, откако подводните експлозии минатиот месец ги оштетија цевките на двата гасоводи што минуваат низ дното на Балтичкото Море, кои беа изградени за испорака на руски природен гас во Германија.

Од отштетните гасоводи проби природен гас кој отиде во атмосферата, заедно со огромно количество од неговата клучна состојка – метан, моќен стакленички гас.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија