Фернандо Алонсо бил „опасност“ за другите: Доби казна и ги загуби бодовите од трката во САД

Од:

Шпанецот Фернандо Алонсо доби казна од 30 секунди по завршувањето на трката за Големата награда на САД и остана без освоеното седмо место. Возачот на Алпин сега официјално е рангиран на 15.место и останува без бодови на оваа трка.

Себастијан Фетел е седмопласиран, а потоа следуваат Кевин Магнусен, Јуки Цунода. Последниот бод оди за Естебан Окон.

Казната за Алонсо е поради тоа што неговиот болид бил небезбеден за да се врати на патеката по судирот со Ленс Строл. Шпанецот се удри во задниот дел од болидот на возачот на Астон Мартин и полета во воздух, а потоа на чудесен начин ја продолжи трката.

Сепак, неговиот десен ретровизор беше скршен, а Алпин не го повикаа во боксот да го поправат. Проценката е дека ретровизорот, кој отпадна од болидот на Алонсо, можел да биде опасен за другите возачи на патеката.

Би можело да ве интересира

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин

„Газење“ во Спа! Ферстапен од 14. место до супериорна победа

Алонсо може да се врати како резервен пилот на Мекларен