ВМРО-ДПМНЕ: Им благодариме на СДСМ што може да се пофалиме

Од:

ВМРО-ДПМНЕ му се заблагодарува на претседателот на СДСМ, Зоран Заев зашто, како што велат им дал можност да се пофалат со сработеното.

Иво Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција наброја дел од две илјади и стоте ветувања за кои рече дека се исполнети досега, како набавката на современа медицинска опрема во вредност од 100 милиони евра, темелна реконструкција на македонските болници во вредност на нови 100 милиони евра, намалени цени на лековите, бесплатно здравство за секого, компјутер за секое дете, задолжително средно образование, намалена партиципација на факултетите, бесплатни учебници, отворање нови универзитети, директни инвестиции во образованието итн.

Како што посочи тој, платите се неколкукратно зголемени, има минимална плата, се градат социјални станови, македонските граѓани можат да го откупуваат дворното земјиште на индивидуалните куќи и станбените згради по само едно евро за метар квадратен, се откупува земјиштето, се намалуваат трошоците за одобренија за градба, а Македонија има четири позитивни извештаи од Европската Комисија.

Воедно сакаме да им заблагодариме на колегите од СДСМ и поради една друга работа. Имено со пресконференцијата на Зоран Заев ни дадоа шанса да направиме промоција на нашите напори, и реформи кои ги превземаме во полињата каде имаме децениско назадување. Ние за разлика од СДСМ и Заев нема да ја дезинформираме јавноста и со аргументи и факти ќе дебатираме. Во однос на инфрастуктурните објекти, изградбата на патишта Зоран Заев лаже кога вели дека ништо не е направено, употребувајќи погрешни информации. Ние досега имаме инвестирано големи средства во инфраструктурата. Досега заклучно со 2012 изградени и рехабилитирани се вкупно 190 локални патишта во вкупна должина од 412 километри во вредност од безмалку 30 милиони евра, а отпочната е изградбата и рехабилитацијата на 105 локални патишта со вкупна должина од 216 километри во вредност од безмалку 20 милиони евра во 43 општини, операција која е во тек – рече Ивановски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО