Позната измамничка од Скопје олеснила познаник за 3.500 евра

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишна скопјанка која е осомничена дека сторила кривично дело – Измама.

Осомничената, која претходно е осудувана и против која се водат и други постапки за слични кривични дела, лажно се претставувала како вработена во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на работна позиција референт. Еден оштетен го довела во заблуда со тоа што му ветила дека како вработена во Министерството, со помош на својот претпоставен, ќе му помогне на легален начин да дојде до државно земјиште под закуп кое тој го користел подолг период. За услугата во повеќе наврати од август до сега му побарала и му зела парични средства на рака, во вкупен износ од 210.474 денари.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат дека осомничената би се криела за да го избегне кривичниот прогон, надлежниот јавен обвинител на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје му достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.​

Би можело да ве интересира

Втора измама за биткоини во Куманово за само една недела

Измамник од Тетово зел автомобил од познаник и го продал

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

Скопјанец му дал 50.000 денари на лице кое лажно се претставило дека работи во МВР

Измамник не платил за нарачаниот градежен материјал