Медведев: Статусот на постојаните членки на Советот за безбедност не смее да се менува

Од:

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев денеска изјави дека статусот на постојаните членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, вклучително и нивното право на вето, никогаш не треба да биде предмет на ревизија.

„Статусот на (постојаните) земји-членки на Советот за безбедност на ОН, кои се основачи на ОН, никогаш не треба да биде предмет на ревизија, а тоа го вклучува и нивното право на вето“, рече Медведев.

Медведев смета дека списокот на членки на Советот за безбедност на ОН може да се прошири.

„Во спротивно, ОН ќе се соочат со системска криза, а можеби и со судбината на Лига на народите“, рече Медведев.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, повика на укинување на правото на вето на Русија во Советот за безбедност на ОН како казна за нападот врз Украина, а неколку американски сенатори апелираа до американскиот претседател Џозеф Бајден да ја отстрани Русија од тоа тело на ОН „бидејќи за неоправданата и насилна инвазија на Украина.“

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск

(ВИДЕО) Зеленски: Ова можеше да го направи само целосно пореметено ѓубре

Катерина Ѓуровски

Жестоки реакции за рускиот напад на Суми: „Варварски чин“

ВИДЕО: Снимен моментот на ударот во Суми

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Над 30 мртви во масакрот во центарот на Суми

ВИДЕО: Страотен руски напад на Суми, има мртви

Катерина Ѓуровски