Се урна хелокоптер на границата меѓу Кина и Индија, петмина загинати

Од:

Петмина индиски војници загинаа кога нивниот хеликоптер се урна во близина на спорната граница меѓу Кина и Индија, соопшти денеска индиското Министерство за одбрана.

Несреќата се случила вчера на југот на Тутинг, изолиран град во близина на линијата што ја дели Кина и североисточната индиска држава Аруначал Прадеш.

Контролорите на летот биле известени дека имало проблеми со авионот, непосредно пред падот, што укажува на тоа дека се работи за технички или механички дефект, се вели во соопштението на Министерството. Пронајдени се четири тела додека спасувачите се обидуваат да го пронајдат телото на петтото лице, патник во хеликоптерот, додаде министерот.

Несреќата се случи неколку недели откако пилот на индиската армија загина за време на рутински лет со хеликоптер во Таванг, во истиот индиски регион.

Тензиите меѓу Индија и Кина се зголемија по крвавиот судир во јуни 2020 година на границата меѓу Тибет и индискиот регион Ладах, во кој загинаа најмалку 20 индиски војници и четворица кинески војници. По тој судир, индиската и кинеската војска испратија илјадници војници во засилување долж спорната граница на Хималаите, пред да почнат да се повлекуваат минатиот месец.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања

(ВИДЕО) Во Кина автомобил влета во толпа пред стадион, има повредени