Специјалниот пратенил на Еврпската унија з косовско-српскиот дијалог, Мирослав Лајчак ќе престојува денеска во Косово, каде што ќе се сретне со премиерот Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина.
Информацијата ја објави службата за информирање на Владата, која информира дека средбата ќе ср одржи во 14 часот во кабинетот на Курти.
Посетата на словачкиот дипломат уследи по барањата на официјален Берлин, но и на Вашингтон, за одложување за 10 месеџи на рокот за промена на регистерските таблички, како и по интемзивирањето на напорите на меѓународната заедница за напредок во преговорите меѓу Приштина и Белград.
Последниот рок што го одреди владата на Курти за промена на српските со косовски таблички во средините со мнозинско српско население истекува на крајот на овој месец.
Извор: МИА