Риши Сунак собра 100 препораки да се кандидира за лидер на ториевците во Британија

Од:

Поранешниот британски министерна финансии Риши Сунак го надмина прагот од 100 задолжителни препораки потребни за да се кандидира за лидер на Конзервативната партија по оставката на премиерката Лиз Трас, објави синоќа пратеник од ториевците, јавија британските медиуми.

„Горд што сум 100-тиот пратеник од ториевците што го поддржува #Ready4Rishi (#Ready4Rishi)“, твитна Тобијас Елвуд, еден од неговите поддржувачи.

Ден откако Трус поднесе оставка, по само 44 дена на функцијата, се појавија три имиња за блиц кампањата во десничарската партија: актуелниот лидер на Долниот дом Пени Мордонт, Риши Сунак, кој загуби во почетокот на септември од Трас, и поранешниот премиер Борис Џонсон.

Доколку само еден кандидат го помине прагот, тој ќе биде прогласен за победник в понеделник.

Првите резултати во трката за лидер на Конзервативната партија ќе бидат објавени в понеделник во 18 часот по локално време, се наведува во партиското соопштение. Доколку е потребно да се одржи втор круг на гласање, резултатот ќе биде објавен в понеделник во 21 часот.

Пред да гласаат членовите на партијата, пратениците ќе имаат „индикативно“ гласање за двајцата кандидати, со што ќе биде јасно кој е изборот на пратениците на Конзервативната партија.

Пратениците потоа ќе треба да договорат две имиња, од кои 170.000 партиски членови ќе треба да изберат едно преку онлајн гласање до 28 октомври. Избраниот веднаш ќе влезе во Даунинг стрит.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

До вчера беше британски премиер, но доживеа голем пораз: „Ќе поднесам оставка“

Горан Наумовски

Сунак: Националните избори во Британија ќе се одржат во втората половина на годината

Сунак најави дополнителни 10 милијарди евра за производство на оружје

Горан Наумовски

Сунак: Мора да бидеме похрабри во запленувањето на руските средства

Значаен пораз за владејачките конзервативци во Велика Британија

Сунак ненадејно ја откажа средбата со грчкиот премиер, се расправаат за скулптурата