Албанските власти одзеле 500 илјади непријавени евра кои биле скриени во таванот на автобус кој пристигнал со траектот што сообраќал на релација Бар-Бари за Драч.
Полицијата го привела Елидон Чела сопственик и возач на автобусот.
-Не е првпат транспортната компанија во сопственост на Елидон Чела да стане предмет на прекршување на законот. Познато е дека и претходно фирмата била под истрага на полицијата и биле откриени многу пари, во секој случај во помала сума од запленетата денеска, јави abcnews.al.
Поради оваа причина, компанијата била „под надзор поради високиот ризик“ а полицијата со помош на скенерот успеала да ги пронајде парите скриени во горниот дел од автобусот.
Парите се во различни апоени, 10, 20, 50 и 100 евра поделени во 6 најлонски ќеси.
Во ова, најголемо албанско пристаниште, ова не е прв откриен случај на откриен обид за влез на средства, во различни износи.
Највисок износ е откриен во јуни 2018 година. Тогаш во автомобил марка „Тојота јарис“, без регистарски таблички, беа откриени и одземени 1,5 милиони евра, сите во апоени од по 100 евра, кој пристигнал со траектот кој испловил од Анкона.
Извор: МИА