Мелони доби мандат да формира влада на Италија

Од:

Лидерката на партијата „Браќата на Италија“, Џорџа Мелони го прифати мандатот за формирање на следната италијанска влада, изјави денеска функционерот од италијанското претседателство Уго Кампети.

Ова и го отвори патот да стане првата жена премиер на Италија.

Мелони го предводеше сојузот на конзервативните партии кои победија на парламентарните избори одржани на 25 септември.

– Џорџа Мелони го прифати мандатот и ја претстави својата листа на министри, изјави Кампети за новинарите откако Мелони ги заврши консултациите со италијанскиот претседател Серџо Матарела во претседателската палата.

Новата влада официјално ќе положи заклетва утре претпладне, по што пратениците следната недела ќе гласаат за доверба на новата влада во двата дома на Парламентот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Родители осудени на доживотен затвор, ја убија ќерката затоа што одби договорен брак

А1он

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

(ВИДЕО) Трагедија во Италија – кај градот Соренто пукна кабина на жичарница, загинаа 4 лица

А1он

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага