Новата Инсигниа ОПЦ има редизајниран пред и заден дел со препознатиливите ОПЦ елементи, како што се впечатливите детали на предниот дел и издувната цевка интегрирана во задниот браник.
Во однос на претходната верзија променет е изгледот на предната светлосна група и дизајнот на хромираната линија на маската од ладилникот. Внатрешноста на ОПЦ е опремена со спортски Рекаро седишта, ОПЦ рачка на менувачот и целосно нова главна инструмент табла.
Новиот спортски управувач вклучува и рачки за менување на бризни, кога моторот е во комбинација со автоматски пренос. Благодарение на тоа овозможува рачно менување на брзини, а доколку во период од 12 секунди не се користат, менувачот сам се враќа во автоматски систем на работа.
Опел Инсигниа ОПЦ се очекува со 2,8 литарски В6 турбо мотор со 325 коњски сили. Силата се пренесува на сите тркала со шестбрзиниски мануелен или автоматски менувач.
Инсигниа забрзува од 0 до 100 километри на час за 6 секунди и постигнува максимална брзина од 250 километри на час.