Шведска испрати писмо до Анкара за „конкретни акции“ во однос на турските барања

Од:

Шведска презеде „конкретни акции“ за да одговори на барањата на Турција во врска со пристапувањето во НАТО, вклучително и јакнење на антитерористичките мерки против курдските милитанти, се наведува во писмото што Шведска го испрати до Анкара на 6 октомври.

Во писмото се наведени 14 примери на чекори што Шведска ги презела за да покаже дека е „целосно посветена на спроведувањето“ на меморандумот што го потпиша со Турција и Финска во јуни, што овозможи Турција да го отстрани ветото за нивното пристапување во НАТО.

Шведска и Финска поднесоа барање за членство во НАТО во мај по руската инвазија на Украина, но Турција стави вето, обвинувајќи ги дека штитат милитанти од Курдистанската работничка партија (ПКК) и други групи.

Стокхолм и Хелсинки негираат дека ги штитат терористите, но ветија дека ќе соработуваат со Анкара и ќе го укинат ембаргото за извоз на оружје. Но, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 6 октомври рече дека неговите барања не се исполнети.

Во писмото до Турција, Шведска наведува дека „презела конкретни акции во клучните елементи на трилатералниот договор“.

Турција бара екстрадиција на 73 лица од Шведска и десетина од Финска, каде делуваат други групи.

Во писмото се наведува дека Шведска на 31 август по барање на Анкара екстрадирала еден турски државјанин, а од 2019 година во Турција се екстрадирани вкупно четири лица.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нацистички знамиња се појавија во Стокхолм на роденденот на Хитлер

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски