В сабота, на 22 октомври, центар на танцовиот свет ќе биде Скопје.
Во СЦ Јане Сандански, силите ќе си ги одмерат над 100 танцови двојки во повеќе старосни групи и над 200 соло изведувачи, од Македонија, Италија, Бугарија, Србија, Грција, Естонија, Хонгконг, Хрватска. Организатор на овој натпревар кој е на календарот на Светската танцова федерација е танцовиот клуб „Ритам плус“ од Скопје .
Од Македонија покрај организаторот, силите ќе си ги измерат и македонските танчери од клубовите: ТСК Степ АП, ТСК Линеа , ТСК Динамик, ТСК Прима Данца, ТСК Бранимир и Бранкица, Танцово студио Ребис.
Оваа јубилејна танцова манифестација во сабота ќе ги собере најдобрите натпреварувачи во повеќе танцови дисциплини.
Билетите се веќе во продажба на https://mktickets.mk/event/wdsf-dse-skopje-open-2022-grand-prix-skopje-open2022/, а на денот на натпреварот и на билетарницата во СЦ Јане Сандански.
Настанот е поддржан од Министерство за култура и Град Скопје.