Тарифите на електричната енергија во Италија покачени за 136 отсто

Од:

Тарифите за електрична енергија во Италија минатиот месец забе лежаа рекордно зголемување, за повеќе од 136 отсто на годишно ниво, се вели во извештајот на Националната унија на потрошувачи.

Во документот се наведува дека во септември цените на електричната енергија го зазеле првото место на рангирањето најскапи стоки и услуги, што синдикатот редовно го изготвува врз база на податоците на Италијанскиот национален институт за статистика.

Во категоријата непрехранбени производи, според поскапувањњето следуваат авионските билети за летови низ Европа, со поскапување за 128 отсто изминатите 12 месеци, а следат интерконтиненталните летови чии цени се речиси двојно зголемени (97,4 отсто).

Цените на бензинот во Италија во септември се покачија за нешто помалку од 64 отсто на годишно ниво.

Што се однесува на прехранбените производи, на врвот на ранг-листата се растителните масла (со исклучок на маслиновото масло), кои поскапеа за речиси 60 проценти. Цените на путерот и оризот се зголемиле за 38, односно 26,7 насто.

Други намирници чии цени се зголемени за повеќе од 20 проценти се тестенините, конзервираното млеко, брашното и зеленчукот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски