Косовската полиција приведе двајца малолетни Албанци, поседувале автоматски пушки калашников

Од:

Косовската полиција приведе двајца малолетни Албанци во селото Могила во општина Клокот, каде се пронајдени две автоматски пушки калашников, пренесува Коха. Според информациите, полицијата набрзо ги ослободила и двајцата и случајот ќе се води во „редовна постапка“.

Според полицијата, при рутинска контрола запрен е автомобил со локални регистарски таблички во кој имало двајца малолетни Албанци А.А. (2007) и С.Х. (2006) а по извршениот претрес кај нив биле пронајдени две автомати АК-47.

По извршениот разговор, полицијата ги ослободила осомничените во редовна постапка.

„Регионалната полициска управа на Гњилан, ПС Клокот, додека патролирала во село Могила, запрела на рутинска контрола возило со локални регистарски таблички во кое имало двајца малолетни косовски Албанци. При претресот во багажникот на наведеното возило, полициски службеници пронашле две автоматски пушки АК-47 кои се одземени како доказ“, се вели во полициското соопштение.

Могила е мултиетничко село во општината Клокот, населена со претежно српско потекло, и има околу 80 српски и 100 албански куќи.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина