Честитка од претседателот Иванов за Голема Богородица

Од:

По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица-Голема Богородица, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска испрати честитка до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите православни верници.

– Ви посакувам празникот кој го слави денот на радосното преселување на Божјата мајка на небото, да го поминете во спокој и хармонија, опкружени од своите најблиски и исполнети со радост. Нашиот народ со големо возљубение и почит, отсекогаш ја имал Богородица како своја заштитница, молитвеница и закрилница на сите христијани. Овој голем ден е уште една прилика да ги потврдиме во себе начелата кои го водат нашиот живот и примерите на добро на кои нè упати Пресвета Богородица. Да живееме сакајќи ги нашите најблиски и градејќи почит кон своите родители, и разбирање и љубов кон своите деца, се вели во честитката.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан

А1он

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Во 2025 година пет продолжени викенди

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак