Нискобуџетната авиокомпанија Еуровингс, во сопственост на германската Луфтханза, беше принудена да откаже околу 300 летови поради штрајк на пилотите. Тоа е трет и последен ден од овонеделниот штрајк предизвикан од условите за работа на пилотите. По втор пат во последните неколку недели, пилотите изразија незадоволство од условите за работа со прекин на работата.
Штрајкот влијаеше на две третини од планираните 450 летови до Дизелдорф, Келн/Бон, Штутгарт, Хамбург и Берлин, изјави портпаролот на компанијата во Келн.
„Очекуваме да можеме да се вратиме на нашите вообичаени летови во четврток“, додаде портпаролот на компанијата, пренесува dpa.
Кога и дали страните воопшто ќе се вратат на преговарачка маса засега не е јасно. Една од клучните точки на расправа е договорот за бројот на слободни денови.
Пилотите би сакале да им се гарантира 14, но авиокомпанијата конечно понуди 10.