Андоновска: За состојбата во ЈСП виновни се директорот, Арсовска и владата

Од:

Наместо да зборуваме за продолжување на автобуските линии кои што се ветени во програмата за Модерно Скопје, за воведување на нови линии, за бесплатниот градски превоз, ние денеска за жал мораме да расправаме за спас на јавниот градски превоз, вели советничката во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Марија Андоновска на денешната вонредна седница за случувањата во ЈСП.

Андоновска потенцираше дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на денешната седница ќе предложат иницијатива за донесување на одлука со која што ќе им се овозможи на граѓаните на Скопје да имаат градски превоз, коментирајќи дека изјавата на секретарот на Град Скопје и директорот на ЈСП дека граѓаните нема да имаат од денеска градски превоз е недозволива.

– Замислете ние денеска треба да расправаме како и на кој начин да им обезбедиме на граѓаните автобуси, затоа што скопјани мора да имаат јавен градски превоз. Од таа причина советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалиција на денешната седница предложи иницијатива за донесување на одлука со која што ќе им се овозможи на граѓаните на Скопје да имаат градски превоз. Замислете ние за што ние денеска расправаме, до каде ја донесоа ситуацијата во Град Скопје неколку чинители вели таа. На вчерашниот ден можевме да проследиме еден прес на секретарот на Град Скопје и директорот на ЈСП, каде што не известија дека денеска во 12 часот скопјани немаа да имаат градски превоз. Тоа е недозволиво, смета Андоновска.

За лошата состојба во ЈСП, Андоновска рече дека виновни се менаџментот и директорот на ЈСП, градоначалничката и владата.

– За оваа ситуација во која се доведени граѓаните денеска на Град Скопје, одговорни се три чинители, менаџментот и директорот на ЈСП, Град Скопје и градоначалничката и секако Владата. зошто го велам ова, ќе почнам по ред. Во оваа програма овде која ја нудевме на граѓаните им ветувавме нови кадри и нов начин на работа, чесен и достоинствен. Луѓето ни поверуваа и јасно на изборите покажаа зад кој застанаа и кој е победникот и каква локална власт очекуваат. Но, наместо тоа, што имаме ние денес во Град Скопје, нереализирана програма, кадри од ДУИ, кадри од СДСМ, разно разни луѓе кои што практично значат неменување на нештата од тоа што било претходно, луѓето сакаа промени, а промените не ги гледаат – децидна е Андоновска.

Андоновска покажа фотографии од директорот на ЈСП во штабот на СДСМ, посочувајќи дека сите раководители под директорот се членови на СДСМ, односно како што рече таа ништо не се менува и токму поради ова јавното претпријатие е доведено во ваква ситуација.

– Ништо не се менува и тоа не смее да биде така, и затоа сме доведени во ваква ситуација. Затоа што овие луѓе кои се поставени, се истите оние кои што ги правеле грешките во минатото, на кои што граѓаните не им дале поддршка, изјави Андоновска.

Воедно, Андоновска додаде дека и владата е одговорна за ваквата состојба, бидејќи само за 5 месеци потрошила милионски суми на непродуктивни трошоци.

– Замислете, владата од први ноември до март потрошила само два милиони евра за непродуктивни расходи, услуги за мобилна телефонија околу 12 милиони, јавното претпријатие за станбено и деловен простор 4,7 милиони, 8,5 милиони евра треба да плати државата за раскинување на договорот со Клинички центар, 5 милиони евра дала владата за изнајмување на возила и дала 1 милион за канализациона мрежа во Арачиново, нека даде секаде ама нека даде и на Скопје, нека даде и на Карпош и на Ѓорче Петров, ама не дава и затоа ова влада не може да се амнестира. Владата сака да бидат општините вака како Град Скопје неспособни, како што е таа неспособна. Ова време мора да заврши и ќе заврши, додаде таа.

Андоновска рече дека советничката група бара поддршка за иницијативата, како и барање од Град Скопје да се достави одлука од каде планира да земе средства за да ги префрли во ЈСП за скопјани да не останат без градски превоз.

– Нашето барање е до петок, Град Скопје да ни достави одлука од каде мисли да земе средства кои што ќе ги префрли на ЈСП за да не останат скопјани без градски превоз, да ја гласаме на совет. Исто така бараме оваа иницијатива која денеска ја предлагаме заедно со заклучокот да се испрати до владата. Бараме средства од владата за граѓаните на Скопје, нагласи Андоновска.

Би можело да ве интересира

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

Советот на Град Скопје побара да продолжат разговорите со Владата за нормализирање на состојбите во градот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчева: Добро е што Владата прифати една мерка на СДСМ, Советот на Скопје да ги поддржи сите три

Вонредна седница на Советот на Град Скопје: Од утре Скопје ќе има автобуски превоз