ВИДЕО: Обвинетите тврдат дека не го запалиле „аудито“ на Шилегови, обвинителот е дециден дека ќе докаже

Од:

Двајцата скопјани, Андреј Јордев и Стефан Бисков кои шест месеци се во притвор како обвинети дека го запалиле возилото на сопругата од Петре Шилегов, на првото судење беа децидни дека не чувствуваат вина. Нивниот адвокат Асмир Алиспахиќ, кажа дека со доказите со кои Обвинителството сака да докаже вина, ќе ја докаже невиноста на Јордев и Бисков. Обвинителот Гаврил Ристов и натаму остана убеден во неговото тврдење, дека двајцата скопјани се тие кои во март го запалиле возилото „ауди Q5“. Тој пред судијката Лидија Петровска посочи дека вината ќе ја докаже со снимки од видео надзор, сведоци, листинзи од мобилните телефони на осомничените, каде се содржат податоците со кого контактирале и на која локација се наоѓале.

„На местото беа пронајдени траги кои укажуваат на сомневање за сторено кривично дело. Беа подигнати, а со наредба беа доставени до МВР. Беше пронајдено капачето од пластичната туба, на него беа побарани ДНК профили, беа побарани снимки од видео надзор од делот каде што по видео снимките се гледа дека се движеле осомничените. Обвинителството е на став дека ќе го докаже кривичното дело, а ќе го има во предвид поставениот стандард, дека обвинетите го сториле кривичното дело“, кажа обвинителот Јордев.

Обвинетите пред судијката Петровска кажаа дека за случајот немаат никаква вина.

„Разбрав за што сум обвинет. Не се чувствувам виновен“, рече Андреј Јордев, а по него и второобвинетиот Стефан Бисков посочи: „Го разбрав обвинителниот акт. Не, не се чувствувам виновен за ова кривично дело кое ми се става на товар“.

Адвокатот Алиспахиќ посочи дека обвинетите немаат никаква поврзаност со кривичното дело тешки дела против општата сигурност, за кое се гонат

„Тоа нешто ќе го докаже на начин што по изведувањето на сите материјални и вербални докази за кои сега не сакам да се впуштам да ги коментирам и толкувам, а кои се доставени од страна на ОЈО, но заради јавноста ќе кажам дека идат во прилог на обвинетите. Оттука теоријата ќе ја поткрепиме само со сослушување и предлагање на сведок која што живее во вонбрачна заедница со Стефан Бисков, а на околности како би можело да се потврди дека второобвинетиот Бисков во критичното време и критичниот период опишан со обвинението бил заедно со нејзе во нивниот дом кој се наоѓа на улица Козле. Одбраната ќе докаже дека обвинетите не го сториле кривичното дело за кое што сега се обвинуваат“, кажа Алиспахиќ.

Обвинителот на рочиштето кажа дека откако возилото со кое управувала сопругата на Шилегов било запалено, имало упад и обид да се украде ресивер каде биле снимките од видео надзор. Тој кажа дека се уште се утврдува кој го направил обидот, но посочи дека нему му е логично да станува збор за обид да прикривање докази.

Според обвинението, било повикано такси од првиот осомничен, со кое го земал и вториот осомничен. Додека патувале се договарале како да го запалат возилото, се симнале на Партизанска и пешачеле.

„Кога пристигнале на улицата „Мексичка“, двајцата осомничени со течноста полеале паркиран автомобил Ауди Q5 и го запалиле. Пламенот се проширил, па освен автомобилот Ауди, целосно изгорел и автомобил Фолксваген пасат, додека делумно биле зафатени и оштетени уште два други автомобили и еден објект. Со тоа осомничените предизвикале поголема имотна штета“, се вели во обвинението.

На следното рочиште, во судница ќе треба да се појават и оштетените фирми, кои се формално-правни сопственици на изгорените возила.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Се запали возило во близина на Плетвар, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

СДСМ: Секој ден се палат коли во Скопје, неспособноста на Тошковски е закана за безбедноста

Предраг Петровиќ

Маж од Валандово запалил возило на сограѓанин

Автомобил се запалил во Белград, пожарникарите ги спасиле родителите и бебето

Изгоре „мерцедес“ на Бит Пазар, од пожарот оштетено е и возило „шкода“