Во Албанија се запали комбе со македонски таблички кое превезуваше пилиња

Од:

Комбе со македонски таблички се запали утринава во близина на патот што води кон Кемиштај, кај Љушња, Албанија.

Возилото превезувало товар со пилиња од Македонија. Возачот на комбето го забележал пожарот откако излегол од автопатот и свртел кон Кемиштај.

– По добивањето на известувањето, противпожарната служба на Лушња брзо пристигна на местото на настанот, интервенирајќи за гаснење на пламенот што ја зафатил кабината на возачот. И покрај брзата интервенција, штетата беше голема: значителен дел од товарот беше оштетен, а повеќе од половина од птиците угинаа – објавија медиумите.

Според првичните проценки на противпожарната служба од Лушња, пожарот започнал како последица на технички дефект во системот за климатизација во задниот дел каде што бил товарот.

Истражниот тим продолжува со работата за целосно разјаснување на околностите на инцидентот.

Би можело да ве интересира

Маскирано лице го запали „ренџ роверот“ на сопругата на Курто Дудуш

Горан Наумовски

Изгореа пет возила во скопското село Батинци

Кривична за пироман од Скопје – предизвика пожар во возило во Кисела Вода

А1он

(ВИДЕО) Жител на Кондово на соселанец му го опожари „мерцедесот“

Горан Наумовски

Изгоре автомобил на паркинг во Велес

Изгореа три автомобили во Аеродром

Горан Наумовски