Авганистански официјални лица соопштија дека талибанците во два одвоени напади убиле 12 цивили, меѓу кои и шест работници на хуманитарни организации.
Портпаролот на авганистанското Министерство за рурална обнова, Џамел Даниш, изјави дека утрово во провинцијата Херат на запад на Авганистан се пронајдени шест тела на лица, кои што во недела биле киднапирани од талибанците, пренесе „Асошиејтед прес“.
Даниш додаде дека пет од жртвите работеле за една меѓународна невладина организација.
Од друга страна и портпаролот на источната авганистанска провинција Пактија, изјави дека утрово покрај патот се пронајдени шест тела, но дека нема повеќе информации за инцидентот.
Елена Георгиевска