Поради дојава за бомба повлечени автобусите на ЈСП

Од:

Автобусите на ЈСП Скопје се повлекуваат од сообраќај откако била добиена закана за поставена бомба.

Приведен е вработен во претпријатието откако било пријавено дека испратил меил во кој се заканил дека ќе постави бомба во автобус на претпријатието која според планот ќе екплодирала за време на денешниот протест. Нездаовлен од нередовното земање плата заканувачкиот меил го испратил на службениот меил на ЈСП и на мејловите на сите директори, службите за финансии, правни и други служби во ЈСП.

– Денеска од полициски службеници е приведен Ј.И. вработен во ЈСП, по претходна пријава околу 5 часот од ЈСП дека од неговиот меил на службениот меил на ЈСП и на мејловите на сите директори, службите за финансии, правни и други служби во ЈСП со закана дека поради нередовното земање на плата планирал да постави бомба во автобус на ЈСП, која би експлодирала денес за време на протестите се вели во информацијата од МВР.

Се вршат антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели

Нормализиран автобускиот сообраќај во Скопје, нафтата се испорачува сукцесивно

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Само 30 автобуси на ЈСП возат низ Скопје

Катерина Ѓуровски