Повеќето членови на Конзервативната партија сметаат дека британската премиерка Лиз Трас треба да поднесе оставка, покажуваат резултатите од последната анкета на YoyGov.
Според истражувањето, 55 отсто од ториевците сметаат дека Трасова треба да се повлече, вклучително и 39 отсто од членовите на Конзервативната партија кои гласаа за неа ова лето, пишува Гардијан.
На прашањето кој треба да ја замени Трасова доколку поднесе оставка во следните неколку недели, 32 отсто од испитаниците одговориле – Борис Џонсон, 23 отсто се одлучиле за Риши Сунак, а 10 отсто за Бен Валас.
Според истражувањето на YoyGov, 59 отсто од ториевците биле за заминување на Џонсон од премиерската функција, непосредно пред тој да ја објави својата одлука да се повлече од премиерската функција летово.