(ВИДЕО) Каевски: Мицкоски се промовира како анти ЕУ политичар, СДСМ нема да дозволи враќање на државата во изолација

Од:

„Христијан Мицкоски веќе се промовира како анти-ЕУ политичар, кој заедно со неговиот проруски партнер Левица работи против напредокот на државата. Исто како и неговиот шеф, Никола Груевски, Мицкоски бара 61 пратеник во Собранието против ЕУ, да ја блокира земјата повторно“, рече Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

„Тоа нема да се случи, Мицкоски може да биде против, но македонската иднина е сигурна и таа е европска. Нема да дозволиме враќање назад. По 17 години чекање, започнавме преговори за членство во ЕУ, со заштитен македонски јазик и заштитен македонски идентитет.

Наскоро ќе биде потпишан Договорот со Фронтекс и тоа на македонски јазик без фусноти и ѕвездички.

Сите лаги на анти ЕУ Мицкоски потоаа. Со месеци Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ безобразно ги лажеа граѓаните за наводна бугаризација и асимилација, за продавање на македонскиот идентитет, за бришење на македонскиот јазик.

Но, се случи токму спротивното. Нема бугаризација, нема симилација, има македонски јазик во ЕУ. Два политички концепти имаме во државата.

Едниот предводен од СДСМ и Димитар Ковачевски за европска иднина, напредок, развој и побогати граѓани.

Вториот предводен од Христијан Мицкоски е антиевропскиот концепт, кој значи враќање назад во изолација, неизвесност и бесперспективност.

СДСМ како предводник на концептот, кој носи европска иднина, со заштитен македонски јазик и македонски идентиет, заедно со граѓаните, нема да дозволи враќање во минатото и изолација. Продолжуваме кон ЕУ“, изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Бараме од надлежните институции да ги преземат сите мерки за заштита на жртвите и превенција на фемицидот

(ВИДЕО) Милевски: За навредите на Миленко кон жените бараме разрешување од ФК Вардар и реакција од ФФМ и клубовите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема солза која не ја злоупотреби од родителите на починатите од Кочани

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сее магла дека некој барал „убиство на Мицкоски“, ќе поднесеме кривична

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Опозицијата лаже за пожарите, се занимава со некрофилија и не прави ништо за да помогне

Катерина Ѓуровски

СДСМ бара оставка од Тошковски поради убиството во Велес

Катерина Ѓуровски