Кремљ потврди дека сите четири украински региони што неодамна ги припои се под заштита од рускиот нуклеарен арсенал. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека тие територии се неотуѓиви делови на Руската Федерација и сите се заштитени. Нивната безбедност е загарантирана во иста мера како и остатокот од руската територија. ”
Рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец изјави дека Москва е подготвена, доколку е потребно, да го искористи својот нуклеарен арсенал за одбрана на „територијалниот интегритет“ на Русија.
Американскиот претседател Џо Бајден на 6 октомври рече дека неговата закана го донела светот најблиску до „армагедон“ од кубанската ракетна криза во 1962 година. Путин минатиот месец рече дека анектираните украински територии „засекогаш“ ќе бидат дел од Русија. Но, Русија не ги контролира целосно овие области и нивните граници допрва треба да се дефинираат.