Компанија Porsche работи на нова верзија 918 Spyder, а извори тврдат дека моделот ќе се вика 984 и ќе користи продолжен варијанта на јаглеродна шасија од моделот 918.
Михаел Мауер, кој е главен инженер на компанијата, направил прототип во реална големина со стилски ниска линија и распоред на стаклата како кај 911-та.
Новината кај 984 ќе биде централно поставениот 4,6 литарски V8 мотор со моќност од 700 КЅ и вртежен момент од 600 Nm. Тој ќе биде комбиниран со седумстепен PDK менувач, кој ќе го пренесува вртежниот момент на задните тркала.
Ако моделот добие зелено светло, тој може да биде пуштен во 2017 година, а цената веројатно ќе започнува од 350.000 евра.