СДСМ: Мицкоски е на чело на антиевропскот концепт кој значи враќање назад и изолација

Од:

„Христијан Мицкоски секојдневно покажува дека е анти ЕУ политичар кој работи на штета на граѓаните и државата. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со месеци ги лажеа граѓаните дека македонскиот јазик ќе биде збришан, дека следува наводна асимилација на македонскиот народ“, соопшти СДСМ.

„Потпишувањето на Договорот со Фронтекс кое ќе следи на македонски јазик без фусноти е уште една потврда дека Христијан анти ЕУ Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ безобразно ги лажеа граѓаните.

Нема фуснота за македонскиот јазик. Сите, буквално сите лаги на Мицкоски се потонати во вода.

Нема ниту асимилација ниту бугаризација, туку има чист македонски јазик во ЕУ. По 17 години чекање, започнавме преговори со ЕУ, со заштитен македонски јазик и заштитен македонски идентитет.

Со ваквото однесување, Мицкоски потврдува дека е предводник на антиевропскиот концепт кој значи враќање назад во изолација и неизвесност. Тоа, СДСМ заедно со интитуциите и граѓаните, нема да го дозволи, македонската иднина е сигурна и таа е европска“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа