Откако во 2008 година престанаа да доаѓат туристи од Јужна Кореја, одмаралиштето се претвори во „град на духовите“. Најголемиот број од нив претстанаа да доаѓаат, откако севернокорејските војници убија турист од Јужна Кореја.
Одмаралиштето би требало повторно да процвета, имајќи предвид дека Северна Кореја најави дека ќе го отвори за туристите од Јужна Кореја и ќе им пружи прилика на семејствата разводени со војната да се видат прв пат по три години.
Властите во Сеул соопштија дека стотици лица од двете земји ќе се сретнат во одмаралиштето.
Портпаролот на јужнокорејското Министерство за обединување, Ким Хиунг-сук изјави дека овој чекор ќе го подготви теренот за редовни средби на семејствата, кои Северна Коеја ги прекина во 2010 година.
Туристичката област на планината Кумганг е посебна административна област на Северна Кореја, основана во 2002 година со цел да се регулира протокот на јужнокорејски туристи кон планината.
Во периодот од 2000 до 2010 година, повеќе од 22 илјади лица се сретнале со своите семејства, а се до убиството на јужнокорејскиот турист Парк Ванг во јули 2008 година, јужнокорејските туристи во одмаралиштето годишно оставаа до 20 милиони долари.
Во Кумганг се наоѓаат повеќе хотели, терени за голф и плажи, а целиот комплекс е сместен во планината на плоштина од 520 квадратни километри.
Изминатите години познат и како „град на духовите“ овој комплекс долго време беше криен од очите на јавноста.