Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку Телеграм ги коментираше нападите врз Киев утринава.
„Цела ноќ и цело утро непријателот ги тероризира цивилите, беспилотни летала и ракети „камикази“ ја напаѓаат цела Украина. Во Киев е погодена станбена зграда. Непријателите може да ги нападнат нашите градови, но нема да можат да не скршат. Окупаторите ги чека праведна казна и осуда на идните генерации. Ќе избереме победа“, рече Зеленски.
18 лица се спасени од зграда нападната со беспилотни летала камикази во украинската престолнина Киев утринава, но најмалку две лица остануваат заробени под урнатините, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко.
Додека Киев е нападнат со беспилотни летала, проруските власти во Доњецк соопштија дека Украинците ги нападнале Доњецк, Хорливка и Макивка на истокот на земјата. Руската државна новинска агенција РИА Новости се повикува на пораки на Телеграм во кои се вели дека биле испукани 19 гранати од 155 мм и 152 мм.