МВР го потврди инцидентот во Бисер – две групи тинејџери се собрале за тепачка

Од:

Министерството за внатрешни работи се огласи во врска со инцидентот кој вчера вечер се случи во трговскиот ценатар Бисер во скопски Аеродром кога голема група тинејџери се собра на догворена тепачка. Од МВР информираат дека малолетниците биле спречени во намерата. Со тројца од нив било разговарано во полицијска станица и тие потврдиле дека имало договор за тепачка како што објави А1он.мк.

– По добиени оперативни информации дека на 14.10.2022 околу 21 часот во трговски центар на бул.„Јане Сандански“ има поголема група на малолетници со намера физички да се пресметаат, од страна на полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Аеродром преземени се соодветни мерки и активности, но не дошло до нарушување на јавниот ред и мир. Во врска со настанот, со присуство на родители, во Полициската станица Аеродром бил извршен разговор со тројца малолетници, кои појасниле дека во трговскиот центар требало да има физичка пресметка помеѓу две групи. Се работи на расчистување на случајот се вели во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он