На 13.10.2022 во 18 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Р.(20) од Куманово. Тој се сомничи дека во текот на денот на улицата „Ленинова“ во Куманово извршил кражба на паричник од А.С..
Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.