Норвешката полиција истражува прелет на дрон над комплекс за преработка на гас

Од:

Норвешката полиција ги истражува извештаите за забележаното беспилотно летало над комплексот за преработка на гас Корсто во југозападниот дел на земјата.

По истекувањето на гас од гасоводите Северен поток, за безбедноста на норвешките објекти за извоз на енергија ангажирана е Внатрешната гарда, кој е дел од структурите на Министерството за одбрана.

Уште пред инцидентите со гасоводите норвешката агенција за безбедноста на нафтените постројки ги повика компаниите да внимаваат на неидентификувани беспилотни летала.

Норвешката полиција вчера реагираше на заканата упатена по телефон кон фабриката за преработка на гас Нихамна, која заедно со Корсто и неколку други локации во оваа скандинавска земја се рангирани меѓу најголемите капацитети за извоз на енергија во Европа.

Откако значително се намалија испораките на гас од Русија, Норвешка стана најголемиот европски извозник на „сино гориво“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Цените на гасот во Европа на годишниот максимум

Предраг Петровиќ

Украина ќе ја заврти славината, рускиот гас за Европа ќе мора по нови рути

Предраг Петровиќ

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Русија ја предупреди ЕУ: Ќе платите повеќе ако Украина не се согласи за транзит на руски гас